Полскиот претседател во Атина

Дуда: Полска ќе се бори за решавање на конфликтите на Балканот

Претседателите на Грција и на Послка, Прокопис Павлопулос и Анджеј Дуда, во Атина разговарале за проширувањето на Европската Унија со државите од Балканот, но и за Македонија, Албанија и Турција. 

Дуда, кој од денеска е во официјална дводневна посета на Грција, како што јави Радио Полска, ветил дека неговата земја ќ се бори за решавање на конфликтите во регионот на Балканот. Неговото ветување е одговор на изјавата на Павлопулос дека ЕУ се соочува со предизвици во однос на Македонија и Кипар.

„Ја поддржуваме европската перспектива на нашата соседна и пријателска земја, поранешната југословенска Република Македонија. Но, ќе треба да ги почитува историјата и меѓународното право. Кога користи имиња кои не само што ја прекршуваат, би рекол ја фалсификуваат историјата, туку во исто време шират иредентизам, тоа е кршење на европското законодавство кое како главен предуслов го има целосното почитување на статус кво на границите“, изјавил грчкиот претседател.

Дуда, пак, говорејќи за предусловите за интеграција на Македонија и Албанија во европското семејство се задржал на сосема други теми од оние на неговиот грчки колега.

„Ги споменавте Албанија и поранешната југословенска Република Македонија. За овие земји вратите треба да останат отворени. Но, навистина, треба да се исполнат предусловите за интеграција. Тоа значи борба со корупцијата, тоа значи борба со организираниот криминал, тоа значи правни реформи и почитување на човековите права. Треба да ги поттикнеме овие земји и да ги убедиме дека овие промени ќе ги одведат кон европска перспектива“, изјавил Дуда.

Тој додал дека вратите на ЕУ треба да останат отворени за балканските земји и дека ЕУ треба да се проширува и пкрај Брегзит и да ги отвори вратите за нови членки.

Дуда му се заблагодари на Павлопулос за поддршката на напорите на Полска да стане член на Советот за безбедност за 2018-2019.

„Можам да ве уверам дека како претставник на Полска која ќе биде член на Советот за безбедност, многу мудро ќе ги имплементираме овие цели. Ова се однесува на кипарскиот проблем, на проблемот на поранешната југословенска Република Македонија, како и на проблемите на други земји“, рекол тој.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда, по покана на неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос од денес е во триденевна посета на Атина, прва официјална посета на полски претседател по 19 години.

 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе