Полскиот претседател

Дуда ја критикуваше ЕУ заради одлагањето на преговорите со Македонија

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска остро ја критикуваше ЕУ заради одлагањето на почетокот на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Унијата.

„ЕУ не треба да се однесува кон земјите на тој начин кога тие ги спроведуваат различните реформи насочени кон идната интеграција“, посочи Дуда на средбата на врвот на иницијативата „Берлинскиот процес“ во Познањ, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека тие земји исполниле многу барања за започнување на преговорите.

Во јуни Советот на ЕУ не успеа да постигне согласност за давње датум за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изрази увереност дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена до октомври.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе