Не констатирале недостатоци

ДСЗИ во контрола во Шутка: Боки 13 бил 25 пати на преглед и му биле дадени специјалистички упати

По обвинувањата од адвокатот на Бојан Јовановски за лекарска негрижа додека е во притвор во Шутка, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата во рамки на затворот и не констатирал недостатоци во надлежностите на Инспекторатот.

„Во врска со објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 20.11.2019 год. извршен е вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во  склоп на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Од извршениот увид во медицинската документација притворениот  Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16.07.2019год. при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16.07.2019 год. до 13.11.2019 год. за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички  и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терцијарно ниво (болнички здравствени установи). Притоа упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд  за добивање  на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ“, пишува во соопштението од Инспекторатот.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе