Во соопштението на Демократскиот сојуз се вели:
„Во Одделението за грижа на корисници дневно се проверуваат неколку стотина возила, дали платиле паркинг преку системот за зонско паркирање, дали имаат картица за паркирање, дали се возила на оперативните служби и слично. Овие податоци можат да ги влечат од системот, Одделението за грижа на корисници, да подготвува табели и истите да ги злоупотребува за партиски цели и дискредитација.
Инаку во ЈП Градски Паркинзи има над 270 вработени, најмногу членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Валентина Јовановска, (Раководител на одделението за грижа на корисници), сестра на бизнис партнер на ВМРО-ДПМНЕ, која има пристап до сите податоци и може да ги злоупотребува истите.
Никој од раководството на ЈП Градски Паркинг, нема учество во било какви недозволени и противзаконски активности, правење на списоци и сл.
Тие што секојдневно плукаат против раководството на ЈП Градски Паркинг, ќе се "удават" во калта.
Работите ќе ги расчистиме на суд“.