ДС предлага Македонија да биде една изборна единица и да нема изборен праг

Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг, а пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот модел, се дел од предлог-измените на Изборниот законик кои пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги доставил на мислење до сите пратеници, за да можат да ги искажат своите ставови и сугестии.

Како што соопштија од Демократски сојуз, со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и да се создадат услови за системски промени во државата.

„Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се ‘за‘ Македонија да биде една изборна единица (останува и можноста тројца пратеници да бидатод  нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл. По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот законик“, пишува во партиското соопштение.

 

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе