ДС предлага една изборна единица: Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат калашниковите на улица

Демократскиот соjуз до Собранието на Република Северна Македонија достави Предлог-закон за изменување на Изборниот законик, со кој се бара промени на изборниот модел, при што најбитна промена е Македонија да биде една изборна единица при избор на пратеници.

Со промените, како што изјави Павле Трајанов, ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ и ќе се стопира праксата лидерот на партијата која победува на изборите да одлучува за се во државата, ќе се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт,посебно на премиерот и министрите, Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе имаат можност на избор.

„Досега на секои парламентарни избори од 100 до 150 илјади гласови, согласно Донтовиот модел се прелеваа кај поголемите партии, се создаваа услови за авторитарно владеење и наместо владеење на правото имаме целосна партизација на државните институции, за сѐ одлучуваат партиите на власт и целосна зависност на законодавната и судската власт од партиите“, рече Трајанов.

Освен околу бројот на изборните единици, според него, измени се неопходни и во врска со финансирање на изборната кампања, финансирање на редовната активност на партиите, медиумското претставување, редоследот на партиите на гласачкото ливче итн.

Во изјава за медиумите пред Собранието, Трајанов потсети дека СДСМ пред да дојде на власт ветила дека прва точка што ќе ја предложи во парламентот ќе биде промена на изборниот модел и една изборна единица.

„Тие декларативно се залагаат за тоа, додека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ води кон назадување. ВМРО-ДПМНЕ се залага за мнозински систем, доколку се прифати тој модел ќе се врати насилството и калашниковите на улиците. Сведоци сме дека порано имавме крв по улиците, тој модел ќе не врати назад“, рече Трајанов.

Тој додаде дека со промените на Изборниот законик треба да се создадат еднакви шанси за сите политички партии.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе