Истражување на Центарот за граѓански комуникации

Државните институции за две години купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

Во периодот од март 2020 година наваму 42 државни институции набавиле 142 нови возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, која доскорешните „пасати“ ги замени со 45 нови „шкода суперб амбишн“, покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Како и претходните години, така и во последните две, по Службата за општи и заеднички работи следен според број на набавени нови возила е Државниот пазарен инспекторат кој купил 11 „цитроен Ц3“ и 10 „фиат типо“, или вкупно 21 ново возило.

На трето место, со шест нови хибридни возила „хјундаи ајоник“ е Агенцијата за електронски комуникации.

Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа, односно дури на 83% од тендерите имало само по една понуда. Фактот што од една страна има голем број дистрибутери на нови возила во земјава, а друга страна на тендерите се јавувал само по еден понудувач, го отвора сомнежот дека институциите доминантно си купувале такво возило какво што сакале.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека повеќе од 40% од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Трите најскапо платени возила се „шкода суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државата видеолотарија, а на трето место е „хјундаи соната“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.

Меѓу марките возила, и натаму омилена марка на функционерите е „шкода“ која со 60 возила води на листата, како и претходните години. Долгогодишното второ место на „фолксваген“ му го презеде „фиат“ од кој се набавени 25 возила, а на трето место со 13 возила сега е „цитроен“.

Од поединечните модели најзастапен е „шкода суперб“ од кој се набавени 48 возила, од „фиат“ води моделот „типо“ од кој се набавени 15 возила, а од „цитроен“ моделот „Ц3“ од кои се купени 12 возила.

Меѓу фирмите, најголема вредност на договорите и овој пат има „Порше лизинг“ со близу 2 милиони евра, „МИ-ДА Гранд Моторс“ со речиси 300 илјади евра и „Аутомобиле-СК“ со 274 илјади евра.

Инаку, ова е трето вакво истражување на набавените нови возила на институциите. Првото се однесуваше за 2013, 2014 и 2015 година кога државните институции набавиле 323 возила. За овие возила тогаш биле потрошени 5,3 милиони евра. Второто се однесуваше за периодот 2018-2020 година (до почетокот на кризата) кога беа набавени 392 возила за 8,1 милион евра.

Истражувањето е спроведено врз основа на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки и директно од државните институции. Во истражувањето се опфатени само набавките на патнички возила и не се опфатени т.н. комерцијални возила, односно товарните, работните и возилата од технички карактер. Исто така, вклучени се само новите возила, а не и набавените половни возила. Некаде се вклучени и возила во чиј опис на набавка пишува дека се транспортни, но всушност се набавени возила кои можат да служат и како патнички.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе