Државниот врв побара од кинескиот министер за одбрана побрза испорака на вакцините против ковид

Побрза испорака на вакцините против ковид побара денеска државниот врв од кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на Македонија.Фенгхе денеска беше примен од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, од премиерот Зоран Заев и од претседателот Стево Пендаровски.

Шекеринска му се заблагодарила за поддршката во справувањето со последиците од пандемијата и донациите во вредност од околу 250.000 долари и ја искористила можноста

за да побара од министерот Фенгхе побрза испорака на кинеските вакцини во нашата земја. 

Кинескиот министер за одбрана кажал дека „70 земји во светот ја одобриле употребата на кинеските вакцини и дека во Кина се вакцинирани 100 милиони луѓе. Тој најавил дека ќе се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Македонија, како и можност за поддршка на македонската Армија со кинески вакцини.  

Премиерот Заев на средбата посебно се задржал на економската соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека набргу ќе завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се постигне уште еден значаен чекор за уште поголем раст на трговската соработка, како и за интензивирање на соработката во туризмот.

И Заев апелирал министерот за одбрана генерал Веи Фенгхе да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата која започнува утре.
Министерот истакнал дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради ковид-19.

На средбата со Пендаровски се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и почит, при што претседателот кажал дека „Република Северна Македонија, која е членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија, ќе соработува со Народна Република Кина во рамки на Процесот за соработка 17+1“.
И ток ги истакнал очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против ковид-19.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе