Државниот врв и дипломатите положија цвеќе за ослободителите на Скопје, рускиот амбасадор за бранителите на „Матка“

По повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот денеска пред споменикот „Ослободители на Скопје“ цвеќе положија делегацији на Сојузот на борците од НОБ, на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, делегации на шефот на државата, на Собранието на Македонија, амбасадори, делегации на организации и партии. Амбасадорот на Русија цвеќе положи пред меморијалниот споменик „Матка".

Делегација на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој беше придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец пред споменикот „Ослободители на Скопје" во дворот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Положувањето цвеќе на споменикот 'Ослободители на Скопје' е дел од пригодните активности во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како за оддавање почит на сите кои учествуваа во поразот на фашизмот во Втората светска војна, како и на сите оние кои учествуваа во изградбата на Европската Унија“, соопшти Владата.

Венци цвеќе на споменикот „Ослободите на Скопје" положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на претседателот на Македонија, Делегација на Собранието на  Македонија, на Армијата, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.

Руската амбасада соопшти дека амбасадорот Сергеј Баздникин, придружуван од почесниот конзул на Русија во Битола Сергеј Самсоненко како и делегациjа на „Лукоил“ положиле цвеќе на меморијалниот споменик „Матка.

„Им оддадовме почит на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од Првиот баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои загинаа во одбрана на браната 'Матка' на 12 и 13 ноември 1944 година, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици од рушењето на браната“, пишува во соопштението на Амбасадата на Русија.

 

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе