Продолжува конфликтот на релација ДКСК – Државно правобранителство

Државниот правобранител Стафа ја пријави Ивановска од ДКСК во Собрание

По барањето до Јавното обвинителство испратено од Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдување одговорност за одговорното лице на Државното правобранителство за склучен договор за дело со новинарката Бесмира Ејупи, денеска во писмо до Собранието Државното правобранителство побара преиспитување на работата на ДКСК.

Во денешното писмо до Собранието, државниот правобранител Фехми Стафа изрази сериозно сомневање во работата на ДКСК и нејзината претседателка Билјана Ивановска од аспект на нејзино „стручно, непристрасно и законито постапување согласно надлежностите кои ѝ се утврдени според Законот“.

Државното правобранителство смета дека се направени пропусти во постапувањето на ДКСК за тоа дека имало незаконито постапување од страна на правобранителството, кое смета дека има конфликт на интереси на членот на ДКСК кој го водел овој предмет.

Од ДКСК предметот за Државното правобранителство го брани Катица Николовска. Таа изјави дека од документите се гледа дека Ејупи „со Државното правобранителство има склучено два договори од март 2021 и активен договор во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение за општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено лице”.

За Државното правобранителство нема ништо спорно во склучените договори со новинарката Ејупи, која слични такви договори имаше и со неколку општини, а краток период беше и кандиидатка за македонски конзул во Њујорк,  за што Министерството за надворешни работи се откажа по реакциите во јавноста.

Државното правобранителство потсетува дека до ДКСК уште во 2019 година пријавил случај во кој државата била оштетена за десетици милиони евра, а комисијата до денес не презела ништо. И во оваа смисла треба да се преиспита законитоста во работењето на ДКСК, смета Државното правобранителство.

А.Д.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе