Државниот и верски врв присутни на одбележување 30 години македонска Царина

На oдбележувањето на 30 години од основањето на Царинската управа присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, како почесен гостин, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и други претставници на Владата, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, на деловната заедница, поранешни директори на Царинската управа и други соработници.

Царинската управа по повод 30 годишниот јубилеј пред државниот врв и соработниците ги претстави постигнатите резултати, реализираните реформи и најзначајните настани кои ги одбележале изминатите триесет години. Беа доделени и плакети за благодарност до соработниците, а присутните имаа можност да проследат демонстрација со опремата за контроли што се користи во секојдневното царинско работење и поблиску да се запознаат со улогата на Царината за заштитата на општеството.

„Царинската управа е втемелена во традиоционаните почетоци на осамостојувањето, таа со огромна динамика на развој, прерасна во вистински сервис на граѓаните, деловната заедница и државата. Денес таа е модерна, технолошки напредна служба и лидер во промените во регионот, рамо до рамо со царините на земјите во Европската Унија. Исправена пред предизвикот постојано да одржува рамнотежа на забрзување на прекуграничната трговија и истовремено да применува ефикасни мерки и контроли за заштита на здравјето, безбедноста и финасиските интереси на државата", рече во своето обраќање директорката Славица Кутиров.

„Царинската управа и царинските работници се еден од првите контакти со нашата земја, и затоа поставените норми за професионално царинското работење ги препознаваме како важен предуслов за унапредување на меѓународната трговија на нашата земја“, кажа премиерот Ковачевски.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими ја поздрави успешната соработка, посочувајќи дека Царинската управа има клучна улога во олеснување на трговијата, преку забрзани и олеснети и дигитализирани постапки, што има влијание врз условите за водење бизнис, а во нејзина надлежност е и ефикасна наплата на приходите кои имаат влијание врз приходите во Буџетот.

Честитки за упешното триесет-годишно работење упатија генералниот секретар на Светска царинска организацијаи Кунио Микурија и директорот на Генералниот директорат за царини и оданочување на Европската комисија (DG TAXUD) Томас Герасимос, преку видео обраќање.

Плакети беа доделени на: Стопанската комора на Република Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на северо – западна Македонија, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Царината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Соединетите Американски држави и Делегацијата на Европска Унија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе