Државниот архив ги повика иселениците да доставуваат архивски материјали од национално значење

Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување.

„За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите, како и посебни архивски фондови, средени и обработени според архивските стандарди, достапни за научно-истражувачки цели согласно архивскиот материјал“, соопшти денеска Архивот.

Како што додаваат оттаму, материјалот може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Пред доставување на материјалот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис.

При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција.  

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе