Целта на оваа платформа, како што беше речено, е да соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Македонија.
Според Бакиу, да се биде без државјанство значи да не бидеш признаен како граѓанин од една држава во рамките на нејзиниот закон.
„Поради оваа правна аномалија, Република Северна Македонија ги спречува жителите на нејзината територија да имаат пристап до основните граѓански, политички, економски, културни и социјални права. И покрај фактот дека ддржата е потписник на важни конвенции преку системот на човекови права на Советот на Европа, како и Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, кои предвидуваат дека секој има право на државјанство и дека соодветно, на ниту едно лице не треба да му биде одземено правото на државјанство, денес на територијата на земјава има лица кои се законски невидливи, односно лица без државјанство", додаде тој.
Бакиу рече дека ќе преземат сеопфатен процес за собирање основни податоци од лица без државјанство, и тоа преку платформата shtetesia.mk, за да може потоа да се изврши политички притисок за решавање на овој проблем.
На крајот од оваа презентација, двајцата лидери на коалициските партии, Зијадин Села и Африм Гаши, им се обратија на новинарите.
Села нагласи дека државјанството е минимална државна обврска кон секој граѓанин на нашата земја и дека сè уште не може да ѝ се дозволи на државата со банални причини да им го ускратува на граѓаните ова основно човеково право.
Гаши истакна дека државата конечно мора да се ослободи од стравот дека расте бројот на една етничка заедница и со тоа да го попречи правото на граѓаните да имаат документ за државјанство.
Коалицијата Алијанса- Алтернатива, беше кажано на прес-конференцијата, ќе го поддржи Законот за попис и покрај тоа што Владата не ги прифати амандманите и сугестиите на опозицијата. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече дека владата ја одби подадената рака на коалицијата Алијанса- Алтернатива, која понуди соработка за креирање подобар Закон за попис.