Соопштение за прекинот на пописот на населението

Државен завод за статистика: Во тек е надминување на технички проблеми со пописот

„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет. Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, реагира Државниот завод за статистика на написите во медиумите дека е прекината пописната операција.

Во соопштението се наведува дека се попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена и дека во тек се технички усогласувања за да се задржи високиот интензитет на попишување

„Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Инаку, како што веќе утрово објавивме, теренските попишувачи денеска не излегле на терен по добиените инструкции од Заводот, по што нивна претпоставка била дека можеби пописот ќе биде прекинат и спроведен само електронски од канцеларија со користење на базите податоци за граѓаните и нивниот имот од повеќе државни институции.

Според податоците, ажурирани пред малку на сајтот на Заводот, заклучно со вчера во 20 часот, во земјава се попишани 199.313 лица, а во дијаспората 192.095 лица со македонско државјанство.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе