Државен завод за ревизија се сомнева во вистинитоста на финансиските извештаи на МРТ

По извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Македонска радиотелевизија (МРТ) Државниот завод за ревизија објави дека има „мислење со резерва за објективноста и вистинитоста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Во февруари 2020 година извршена е ревизија на резултатите од спроведувањето на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на ЈРП МРТ за 2017 година, при што е констатирано дека четиринаесет препораки се спроведени, пет се делумно спроведени, по девет препораки активностите се во тек, седум не се спроведени, а една препорака е неприменлива.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈРП МРТ за 2020 година констатирани се следните состојби:

– постојат слабости во воспоставените внатрешните контроли во работењето на претпријатието и истите претставуваат ризик по успешното управување со ризиците, клучните економски операции, поделбата на надлежностите и воспоставениот надзор над активностите;

– не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти што може да влијае на планирањето, работата и развојот на претпријатието;

– во содржината на актот за организација и систематизација кај дел од работните места не се наведени барањата за конкретен вид на стручна подготовка и опис на работните задачи;

– интерните акти и начинот на пресметка на плата не се усогласени во целост со важечките законски прописи;

– не е воспоставена единица за внатрешна ревизија која треба да придонесе за подобро управување со ризиците, контролата и управувањето;

– во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на РСМ не е извршен упис на основната главнина на претпријатието;

– пописот на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис;

– утврдени се неправилности во начинот на евидентирање на залихите, поради што за дел од потрошената залиха не се евидентирани расходи;

– недостасуваат податоци за преземените мерки за наплата на побарувања кои се постари од пет години, како и можноста за нивна наплата;

– утврдени се неправилности во начинот на определување на работната успешност на вработените и во пресметката на додатоците за работа во смени и празници, како и во надоместоците по основ на правото за боледување и

– утврдени се неправилности во начинот на планирање, доделување на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе