Инцидент

Државен службеник, Горјан Тозија се нафрли на новинарката Уневска за нејзин коментар

Скандалите поврзани со името на Горјан Тозија, како директор на Агенција за филм не престануваат. Неговите активности по социјалните мрежи предизвикаа и меѓународен скандал и официјални реакции од неколку земји. Овојпат Тозија ѝ се нафрли на новинарката Сунчица Уневска за нејзиниот коментар за фестивалот „Браќа Манаки“.

Сунчица Уневска

„Смешна си со своето незнаење и злоба..., „простота и злоба...“, „штета што некој ти дал право на јавен збор и простор да го злоупотребуваш“... Вака Тозија на Фејсбук го коментираше текстот на Уневска под наслов „ДФРМ целосно го понижи фестивалот 'Браќа Манаки'“,

За неодржувањето на фестивалот Уневска меѓу другото напиша: „...Молчи Кинотеката на Македонија, молчи градот Битола, кои се подеднакво основачи на овој фестивал како и Друштвото на филмски работници, молчи државата која ги дава тие пари, молчи политичката партија која е на власт и си го поддржува својот избор на директор на Агенција за филм, кој заедно со ДФРМ ја донесе оваа одлука. А без срам, на овој т.н. настан беа и претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и директорот на Агенција за филм, Горјан Тозија, кој во моментов и не е директор, бидејќи му е истечен мандатот, без око да им трепне. А и зошто би им трепнало? Кога едноставно им се може...“,

За овој инцидент Уневска ги информира и Владата и Здружението на новинари на Македонија“.

А.Д.

Реакции по социјалните мрежи на Фејсбук статусот на Тозија

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе