Реакција

Друштво на писателите на Македонија: Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик

По објавувањето на Унилатералната изјава за македонскиот јазик и серијата реакции се огласи и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) со изјава дека „наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина!“.

„Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци и дека нашиот јазик е македонскиот. Македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект.

И во иднина, како и досега, ние сите – членовите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе создаваме литературно творештво и ќе се трудиме тоа да биде со високи естетски и културолошки вредности.

Македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активностите, заложбите и проектите на ДПМ.

Притоа, посебно треба да се залагаме за читањето на македонските автори и дела, зашто непрочитаните книги исто како и да не се објавени.

Македонските писатели се единствени во грижата и одбраната на македонскиот јазик и македонското книжевно творештво, кое се создава во државава, но и во на Балканот, Европа и светот“, соопшти ДПМ.

Според Друштвото, македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат токму на тој јазик.

„Тоа е јазикот на нашите татковци и мајки, предци и наследници, а нашите литературни дела се значајни и вредни – токму затоа што се создадени на тој наш, роден, изворен, матичен и единствен јазик.

Нашите творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за минатото, сегашноста и иднината“, се додава во соопштението на ДПМ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе