Советникот на Вучиќ обвинува

Дрецун: Во Скопје има анти-српски разузнавачки тим

Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина.

За српски „Курир” Дрецун изјавил дека тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија.

Според него, во одредени соседни земји се води силна кампања против постигнување на какво било компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и додаде дека Северна Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија, пишува „Вечерње новости”.

„Секое постигнување на компромисно решение е столб за стабилизација на овој регион, а непостигнувањето на компримис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови немири во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’“, изјавил Дрецун.

Тој истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, којшто сака да ѝ наштети на Србија.

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе