Драги Ѓоргиев: Во записниците ќе се забележува сѐ кој како дискутирал

Придавката македонски била и ќе биде дел од записниците од состаноците на Мешовитата комисија на македонските и бугарските експерти, изјави за ТВ Канал 5 Драги Ѓоргиев, претседателот на македонската историска комисија.

Тој вели дека на вчерашната средба е постигнат напредеок што се однесува на техничко ниво. „Двете страни остануваат на своите позиции во однос на употребата на придавката. Двете страни се договорија на технички начин да се надмине пречката со потпишувањето на записниците од досегашните состаноци. Придавката македонски беше во употреба и сега е во употреба, ама тие инсистираат во некои случаи да се применува она што е договорено со Преспанскиот договор.  На технички начин и нивните и нашите дискусии ќе бидат целосно пренесени во записникот. Тие записници ги потпишуваме согласно договорот, на македонски јазик според Уставот на РСМ и на бугарски јазик според Уставот на Бугарија. Тие инсистираат да не користиме македонска комисија, туку да користиме комисија на РСМ согласно Преспанскиот договор“, изјави Ѓоргиев.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе