Драган Ѓоргиев: Не прифаќаме вонреден состанок со Бугарската комисија

По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драган Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека такво нешто не прифаќа.

„Не прифаќаме вонреден работна средба. Редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септември“, вели Ѓорѓиев во изјава за Телевизија 24.

Според него, доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.

„Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата“, смета  Ѓоргиев.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе