ДПА ја прифати понудата од Заев да биде дел од владата

Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи ја прифати понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев да биде дел од новата влада, објави партискиот претставник, Азем Садику.

 

Азем Садику од ДПА ја потврди информацијата по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците и најави дека за деталите ќе разговараат работните групи. На правата средба, како што кажа тој, не се разговарало за ресорите.

„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканат. Формирани се работни групи кои ќе ги предводат претседателот и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски“, рече Садику.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе