Онлајн обраќање на Економскиот форум Скопје

Дожван: Словенечкото претседателство со ЕУ ќе се залага за старт на преговорите со Македонија

Гашпер Довжан, државен секретар во МНР на Словенија, во онлајн обраќањето пред учесниците на Економскиот форум Скопје, најави дека претстојното словенечко претседателство со ЕУ во втората половина на годинава ќе биде фокусирано на регионот и дека ќе се базира на три столба. Како што нагласи, во првиот столб е продолжување на процесот на проширување на ЕУ, старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора.

Довжан истакна дека португалското претседателство направило многу и оти е убеден дека Слоенија ќе успее да придонесе за исполнување на целите, особено за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Вториот столб на словенечкото претседателство со ЕУ ќе биде спроведување на економскиот инвестициски план и отворање преспективи за младите, економска сработка во регионот и заеднички регионален пазар.

Третиот столб ќе биде создавање платформа за изнаоѓање решенија за отворените прашања во регионот, бидејќи, посочи Довжан, поголемата соработка ќе значи и поголема стабилност на регионот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе