Прес-конференција

Доволно струја се произведува за универзалниот снабдувач, порачува СДСМ

Сите количини на електрична енергија за месец јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашно производство, а тоа влијае да се спречи драстично зголемување на цената на струјата, изјави на прес-конференција во СДСМ пратеникот Дарко Каевски. Според него, Владата предводена од СДСМ, надлежните државни институции и претпријатија постојано преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата.

„Активирани се сите расположливи капацитети за производство на струја, со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја. Тоа е потврдено и со официјални податоци. Дневното производство на струја од домашни капацитети во јануари оваа година е 14.191 мегават час. Во октомври 2021 тоа изнесувало 13. 815 MWh а во истиот месец во 2020 година, 12.363 MWh. Тоа значи зголемување од 14,8 отсто на производството од октомври 2020 до јануари 2022 година. За непречена работа на РЕК Битола со двата блока обезбедени се доволни количества на јаглен, како и за ТЕЦ Осломеј. Во текот на овој месец планирано е да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. На тој начин, сите количини на електрична енергија за месец јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашно производство“, рече Каевски.

Тој додаде дека сето тоа влијае на цената на струјата кон крајните корисници, односно со активирање на сите капацитети се спречува драстично зголемување на цената на струјата и нагласи дека во време на глобална енергетска криза, Владата ќе го заштити и стандардот на граѓаните.

„Веќе се обезбедени 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија, а ќе следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството. Државата е тука да им помогне на граѓаните, на економијата да се надминат последиците и од оваа енергетска криза“, рече пратеникот Каевски.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе