СКАНДАЛ ВО ЏАМИЈА ВО ОПАЕ

Досието на реисот Сулејман Реџепи преполно, сега повика на ликвидации на кучињата и предавниците

Поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи го полни своето досие за ширење на верски екстремизам, повик за насилство и говор на омраза. Последниот пример е неговиот говор по повод отворањето на нова џамија во кумановското село Опае кога тој повика на убиство на „кучињата“ меѓу нив, мислејќи на „кодошите“, не-муслиманите и оние кои имале различно мислење од неговото.

„Треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се најгнасните кучиња на Господ. Тие го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет.

Би ве замолил во оваа прилика, бидејќи е голем ден, да се потрудиме, да се обидеме да ги идентификуваме кои се кучињата, а кои се муслимани, добри луѓе... Имаме штетници кои шират зарази и болести, а во претходниот систем биле „решавани“ и чистени“, рече меѓу другото Реџепи.

На крајот од својот говор тој повикува на убиство, повикувајќи се на Шеријатот како закон кој мора да се следи.

Лани во ноември Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи „не постојат основи на сомневање дека пријавениот ги сторил кривичните дела – излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“.

Реџепи, во говор во село Арнакија, скопско, по повод темелите за возобновување на џамија на 14 март 2019 година даде изјава која многумина поединци и граѓански организации ја оценија како говор на омраза:

„Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува“, рече тогаш Реџепи.

„Клучен елемент на кривичното дело – излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги измејува“, соопштија тогаш од ОЈО.

Во април истата година Реџепи за судијката која донела решение дека ИВЗ има нов поглавар, изјави: „Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починат“.

Реџепи секогаш после ваквите изјави се правдаше дека бил погрешно протолкуван, односно дека неговата изјава била извадена од контекст. Наводно дека калификациите „див и непримерен народ без идентитет“ не се однесувале на Македонците, туку само на жителите во селото Лажец.

Еден од случаите кои изминатите години предизвика најголема лавина реакции беше негов текст во весникот „Лајм“, насловен како „Раѓањето на ин витро нацијата”. Во него, Реџепи напиша дека Македонците-муслимани се ин витро нација, измислена од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ. „Владејачката партија ова го прави за да создаде нација на антички луѓе за да останат на власт“, напиша Реџепи.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе