Сртазбур

Дора Бакојани кандидат за нов генерален секретар на Советот на Европа

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, соопшти прес-службата на Советот на Европа. 

Повикот за поднесување на кандидатури за наследник на актуелниот генерален секретар, Торбјорн Јагланд  заврши вчера, а на огласот се пријавиле четворица кандидати, меѓу кои и поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани. Другите тројца кандидати се белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус.

По одделните интервјуа со четворицата кандидати во март, ќе се изготви конечна листа на кандидати која што ќе биде поднесена во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Конечната одлука треба да биде донесена до јуни годинава, а новиот генерален секретар на Советот на Европа ќе ја преземе функцијата на 1 октомври.

Советот на Европа има 47 членки, вклучувајќи ја и Македонија и се занимава со човекови права и демократија. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе