Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтеграциските перспективи на Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјава и регионот.
Дел од турнејата на Донфрид на Западен Балкан се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово, од каде на 25 април ја започне посетата на регионот.
Донфрид доаѓа во Македонија еден ден по посетата на Скопје на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој на средбите со државниот врв во земјава порача дека се посветени да ги продолжат напорите за почеток на преговори со Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија. Вархеји во Скопје дојде од Софија каде си замина со истата порака – прашањето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ да се реши до крајот на франуцското претседателство, во јуни.