Во телефонски разговор

Донфрид на Заев му кажа дека евроинтеграцијата на Македонија е геостратешки интерес на САД

Во телефонско јавување помошник државниот секретар Карен Донфрид на премиерот Зоран Заев му ја пренела целосната поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година, а во разговорот било истакнато дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД и оти е потврдено стратешкото партнерство со САД кои се партнери и во НАТО, информира кабинетот на премиерот. 

Помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани, изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, се вели во соопштението.

 

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе