Собрание на Македонија

Донесен Законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Законот за попис на населението, домаќинствата и становите е донесен денеска во Собранието со 62 гласа за, без гласови против или воздржано. Опозицискиот блок на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето за Законот, а поддршка и покрај одредени забелешки кои ги имаа, дадоа и опозициската коалиција на Албанците, Алијанса и Алтернатива. Според бадинтеровиот принцип, за гласаа 29 пратеници припадници на немакедонските заедници.

Пред чинот на гласањето опозицијата ги искажаа своите забелешки за законот и причините за недовербата во процесот.

Според Законот што е денеска усвоен, податоците добиени од пописот ќе се користат за креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели. Индивидуалните податоци од Пописот може да се користат за воспоставување, водење и ажурирање на статистичките регистри кои се во надлежност на Државниот завод за статистика, согласно закон.

Личните податоци добиени со пописот подлежат на заштита согласно одредбите од овој закон, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.

Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

Со пописот ќе се приберат податоци за населението, домаќинствата и становите во земјата, а при спроведувањето на пописот ќе се врши попишување на терен и ќе се користат истовремено податоци од збирките на податоци на МВР од базата на државјаниа, од МИОА податоци вклучени во регистарот на населението, од МОН од податоците за запишаните ученици во основни и средни училишта во тековната учебна година, од МТСП од податоците за лицата корисници на права на социјални примања по сите категории, од Агенцијата за вработување од податоците за економската активност на лицата, од УЈП од податоци за лицата кои имаат примања и за кои се исплаќа персонален данок на доход, од ПИОМ-Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од податоци за примателите на пензија по сите основи, од Управата за водење на матични книги, податоци од матичните книги за родените, умрените и венчаните лица, од Агенцијата за катастар на недвижности од податоци за недвижностите и нивните движења, како и од Државниот завод за статистика од податоци од статистичките истражувања за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во академската година, како и податоците од статистичките истражувања за виталните настани и од Статистичкиот деловен регистар.

Пописот ќе се спроведе со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите од областа на заштита на личните податоци.

Инаку, во земјава попис не е направен од 2002 година иако законски треба да се врши на секои десет години. Првиот попис во Македонија бил спроведен во 1948 година. Во 2011 година беа започнати подготовки за спроведување на Попис на населението, но потоа по договор меѓу тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше одложен, за што Специјалното јавно обвинителство отвори истрага.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе