Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

Во рамки на долгогодишната билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска преку кинеската амбасада МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот ковид-19.

„Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значењето на поддршката и пред сѐ солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои имаат глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно“, наведуваат од Министерството во соопштение.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе