По иницијативата на претседателот Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество“

Донација од Британската амбасада за најранливите категории граѓани

Британска амбасада во Скопје утрово донираше 450 пакети со вкупно 6.200 прехранбени продукти и продукти за хигиена за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот, со што се приклучи кон иницијативата на претседателот Стево Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество“.

Донацијата, како што соопштија од амбасадата, е направена во соработка со Црвениот крст, која е една од партнерските организации во рамките на оваа хуманитарна иницијатива.

„Доставата на овие пакети до граѓани кои се од најранливите социјално загрозени категории ќе се врши согласно протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството на Црвениот крст на Република Северна Македонија. При извршување на донацијата Британска амбасада ги почитуваше сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици)“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека Британија останува силен партнер на Република Северна Македонија и продолжува да го гради и зацврстува долгогодишното пријателство.

 

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе