Во Јавното обвинителство

Донација од Амбасадата на САД за намалување на ширењето на ковид-19

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство ќе предаде донација од САД, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во вредност од 35.000 американски долари, како поддршка за намалување на ширењето на ковид-19.

Како што информираат од ЈОРСМ, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет,  јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.

Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце, како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Донацијата која ќе ја предаде амбасадорката Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани, јавниот обвинител Љубомир Јовески и директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе