ДОМ: Со изборот на Пендаровски се избира претседател кој ќе обединува и ќе работи во интерес на сите граѓани

ДОМ ги повикува сите граѓани, во недела, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Од партијата порачуваат дека со изборот на Пендаровски се избира претседател кој ќе обединува и ќе работи во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиска или политичка припадност.

„Со изборот на Пендаровски, избираме стабилност, просперитет и евро-атлантска перспектива за нашата земја. Тоа е вистинскиот избор за економски раст и благосостојба, демократија, почитување на човековите права и слободи, владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, социјална правда, еднакви можности за сите, солидарност, како и заштита на животната средина и борба против климатските промени. Затоа, на 5 мај, во демократска и фер изборна атмосфера, да гласаме за Стево Пендаровски и да продолжиме заедно напред за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации“, се вели во соопштението на ДОМ. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе