ДОМ: Рудник во Иловица треба да се заборави

ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот Иловица на падините над Струмичко Поле. Тој проект е антиеколошки и ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, велат од партијата. Гледано правно, додаваат од таму, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на Казандол.

Според ДОМ, нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како се да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања, па да продолжат со копање огромен базен во планината.

„Рудникот Иловица треба да се заборави и поради тоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини, со кој се забрани употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Оваа одредба важи за сите рудници што треба да аплицираат за концесија. Таков е и Иловица, тој е рудник во најава, без валидни документи и концесија. Пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, го подготвија текстот за Законот за минерални суровини и го поднесоа со група колеги од парламентарното мнозинство токму за да ги спасат граѓаните од отворање 80-ина опасни рудници ширум Македонија. Законот беше усвоен во јануари 2019 година и тој треба да се почитува", велат од ДОМ.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе