ДОМ: Извојувана е победа над моќното рударското лоби за Иловица

„ДОМ изразува големо задоволство од одлуката на Министерството за економија да не издаде одобрение за експлоатација во рудникот Иловица. Ова е победа на екологистите од Струмичко, но и од целата земја, над моќното рударско лоби. Ова е победа на аргументите за здрав живот и здрава животна средина, над профитот на група луѓе“, велат од партијата.

ДОМ застанапротив опасните рудници со цијаниди и сулфурна киселина точно пред три години, на 23 јуни 2016 година, преку учеството и искажаниот протест на нашиот прерано заминат колега и портпарол, Тони Ристов, на јавната расправа за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина на рудникот Иловица. Следеа нашите писмени забелешки, по што започнавме кампања за информирање на граѓаните за опасностите од вакви површински рудници, која продолжи во изготвување на Законот за минерални суровини, подготвен од пратеничките на ДОМ, а изгласан од пратениците на коалицијата“ велат од партијата Демократска обнова за Македонија и нагласуваат дека ги поддржуваат сите протести на граѓанските иницијативи, а паралелно водат и општа кампања за алтернативни решенија за одржлив развој преку зелената економија.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе