„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот...“, напиша Димитров.
На гласањето, според информациите од Шпанија, 51 пратеник биле воздржани.
На седницата било кажано дека „Северна Македонија соработува со НАТО уште од 1995 година и дека е земја од ‘голема стратешка важност“ која што придонесува за безбедноста во Југоисточна Европа“.
Ставот на Народната партија, пак, бил дека историјата на НАТО е „успешна приказна“ меѓу држави со различни социјални модели, но со ист политички модел „базиран на демократија, права и владеење на правото“.
Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сѐ уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.