Народот против извршителите

Долгот за наплата може да стигне и по повеќе од деценија

Граѓанската иницијатива „Стоп за извршители" е сѐ погласна во своите барања преку законски решенија да се запре тортурата врз граѓаните кои имаат застарени долгови, на кои им се врши присилна наплата и на кои им се наплатуваат камати во недоглед.

Преку покренати 400.000 предмети извршителите во земјава, од 2006 кога на сцена стапуваат приватните извршители до денес, имаат наплатено 1,2 милијарди евра.
Оваа ни малку наивна сума пари одземени од граѓаните е причина сѐ помасовно да се протестира против извршителската агонија, како што ја наредуваат ентузијастите за промена на законските решенија кои се виновни за вадење од нафталин на застарени долгови, блокирани сметки, камати кои растат од година во година...

За долг од 2007 година наплатата стига во 2019

На социјалните мрежи граѓани речиси секојдневно ги споделуваат своите негативни искуства со извршителите.
Должник кој сака да остане анонимен поради потенцијални „притисоци" се жали дека поради неплатена полиса во вредност од околу 7.000 денари во 2007 година, против него е поднесена тужба која е завршена во 2009/10 година, но сметката за наплата стига дури сега и изнесува 30.000 денари.
Извршителот, на прашањето зошто никој не бил известен речиси една деценија, одговорил дека случајот се изгубил во судските лавиринти.
Решението кое требало да биде доставено до должникот се појавило во 2018, но извршителот чекал скоро 2 години да го предаде на лицето, сѐ со цел зголемување на каматата, раскажува должникот во своето писмо.
Денес, поради некоја случка од пред 12 години за која, како што велат оштетените, појма нема никој и за која се чекало плус 2 години за да бидат известени, со вклучени камати, треба да платат скоро 30.000 денари.

Се протестира против блокирани сметки

Марјан Ристески од граѓанската иницијативата „Стоп за извршители" за овој случај вели дека е еден од низата против кои се борат и протестираат. Дури потенцира дека сумата со вклучени камати за слични застарени случаи би можела да достигне и до 100.000 денари.
„Блокирани се вкупно околу 130.000 сметки од кои 80.000 на граѓани, а 50.000 на правни лица. Едноставно не може да се чуваат предмети во фиока по една деценија“, вели Ристески.

Тој повикува на масовност на следниот протест против извршителите кој е закажан за следниот вторник пред Министерството за правда во 11:30 часот.

„Бараме измена на Законот за облигации, можност за отпис на стари долгови за струја, каматите да се бришат, а рокот за наплата на долговите да не трае подолго од две години", вели Ристески.
Од Иницијативата бараат и ревизија на досегашната работа на извршителите, нотарите и доверителите.
Од „Стоп за извршители" ги повикуваат граѓаните да излезат во поголем број на следните протести со цел надлежните да ги сфатат сериозно во намерата за исполнување на нивните барања.
Вкупниот износ на наплатени средства од извршување кои извршителите го наплатиле во 2018 година изнесува 126,966 милиони евра.

                                                                                                                       Х.С.

 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе