Отворени архиви

Документи: Михајлов од Каракачановото ВМРО преговарал со Тито за независна Македонија, сосе Пирин и Егеј

Од објавените документи на ЦИА од 1949 година, од кои е тргната ознаката на тајност, може да се види како Ванчо Михајлов, лидерот на тогашната ВМРО, тајно преговарал со претставници на тогашна Југославија, кои таму биле по наредба на Тито. Во март таа година во Анкара се сретнале Михајлов и блиски соработници на Тито, кои постигнале договор за формирање на Балканска федерација, во која една членка би била и обединета и независна Македонија.

Овој документ се појавува во време кога бугарските министри Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева изјавуваат дека Тито бил „комунистички диктатор“.

Во договорот се вели дека Михајлов ќе треба да работи на убедување на Македонците во Бугарија да ја прифатат оваа идеја, а Југославија се обврзува да спроведе силна меѓународна активност на убедување на државите, особено на Бугарија и на Грција, за формирање независна Македонија.

Македонија требало да има демократско уредување, кое нема да биде ни прокомунистичко, ниту пак антикомунистичко. Било договорено македонските групи на отпорот, доколку дојде до некако оружен судир, да оперираат во рамките на југословенските сили, пишува во документот.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе