Докторот Хекуран Дука кандидат на ДУИ за градоначалник на Дебар

Во трката за градоначалник на Дебар, Демократската унија за интеграција, на предвремените локални избори, на 21 април, ќе учествува со доктор Хекуран Дука, познат уролог, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник.

Едногласна одлука за тоа синоќа донесе Претседателството на разгранокот на ДУИ за Дебар, на која за претседател на Изборниот штаб на разгранокот го избра Артин Спахиу.

Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар,оженет,татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје,каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

На последните локални избори, во 2017година беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Ова е втора официјална кандидатура за градоначалник на Дебар,каде избори се спроведуваат поради смртта на претходниот градоначалнк Ружди Љата.

Претходно Алијансата за Албанците го соопшти својот кандидат, д-р Арбен Аголи, познат дебарски педијатар. Подршка на Аголи му даде и Движењето „Беса“.

Д-р Аголи е роден во Дебар 1959 годна, оженет,татко на две деца. Средно образование завршил во Дебар, дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина а специјализирал педијатрија во Скопје. Во струката има 34 годишен стаж,од кои 20 години како педијатар. Од 2004 година работи како матичен педијатар.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе