Пендаровски за лидерската средба

Договорот за предвремени избори се случил за помалку од еден час, дебата се водела за Пржинската влада

Договорот за предвремени избори на лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски се случил за помалку од еден час. Како што изјави Пендаровски во интервјуто на Телма, клучната дебата се водела околу потребата да се обезбеди Пржинска влада во полно траење од 100 дена.

Пендаровски на лидерската средба побарал да се води сметка околу ратификацијата на НАТО Протоколот, што, според него, е од ултимативна важност за нашата држава.

„Мојот став, како човек кој долги години се занимава со овие политички процеси, е дека после една прилично неповолна одлука на ЕУ, спротивно од се она што очекувавме сите ние да добиеме датум за преговори, е дека можеби е добро да се преиспита политичкиот легитимитет на владејачките партии на избори”, рече Пендаровски.

Инаку, првичните предлози на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори биле на два датуми во декември, меѓутоа, според Пендаровски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сметал дека во тој случај би имале само 50-тина денови и тоа не би биле 100-те дена предвидени по закон за Пржинска влада.

„Тука имаше различни правни толкувања. Надвладеа политички и џентлменски став да се дадат 100 дена и изборите ќе бидат закажни подоцна иако се во суштина предвремени, не се редовни”, рече меѓу другото претседателот на државата.

Неговиот впечатокот, како што рече, е дека Владата тоа што има да го покаже во делот на реформите, има време да го покаже до 3.јануари, но и подоцна.

„Добро е што се запази динамиката со НАТО Протоколот затоа што ако беа изборите во декември, возможно е Шпанија да направи брзо Влада, иако изборните резултати тоа не го гарантираат. Во декември ќе беше проблематично ако имаме избори бидејќи ќе требаше  веднаш да се распушти Парламентот. Ова сега остава доволно простор, до февруари, дури јас тврдам како правник дека и понатаму ако затреба и е од најголемо значење, може да го свикаме Парламентот”, изјави Пендаровски.

На прашањето каква би била кохабитацијата ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, тој вели дека има ситуации и некои негови изјави кои не наидуваат на одобрение од сегашната влада, иако е дел од таа политичка структура десетина години.

„Ако улогите се заменат евентуално догодина, мислам дека нема да имам никакви проблеми затоа што односот и на сегашната Влада кон мене, но и односот на сегашната опозиција кон мене, покажува дека јас верувам во тоа дека непристрасно ја работам својата работа”, рече Пендаровски.

Тој уште информираше дека по лидерската средба немал средба со Мицкоски и оцени дека не бил добар знак тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не присуствувал на Советот за безбедност на кој се разговарало за многу битни прашања за безбеноста на државата и за безбедноста во поширокиот регион која може да има влијание врз нашата безбедност.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе