Во Собранието

Договорот за името со европско знаменце, наместо кај Милошоски, оди во комисијата на Груби

Договорот за решавање на името, потпишан меѓу Македонија и Грција ќе биде испратен во Собранието со европско знаменце, што значи прво ќе треба да го помине филтерот на Комисијата за европски прашања.

Владата денеска го усвои Предлог-законот за Договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во Парламентот.

Со оглед дека Предлог-законот го има европското знаменце, наместо во Комисијата за надворешна политика која што ја води Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби од ДУИ.

Расправата во собраниската комисија може да трае најмногу три дена, со одредени ограничувања на дискусијата, по што договорот  со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна собраниска седница.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе