Договорот со Бугарија останува таен за јавноста

Владата ги информира пратениците за договорот со Бугарија зад затворени врати. Деловникот дозволува такво нешто, но ако биде потпишан, договорот ќе мора да биде објавен и пратениците ќе треба гласаат за ратификација. Пратениците во Комисијата за надворешна политика која беше од затворен карактер денеска имаа можност да се запознаат со содржината на нацрт договорот за добрососедство со Бугарија.

Документот го обелодени премиерот Зоран Заев кој рече дека е потребно да се отвори расправа за нацрт-договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од интерес за сите граѓани.

На почетокот на седницата беше постигнат договор меѓу премиерот и пратениците од владејачкото мнозинство како и пратениците од опозицијата по затворањето на седницата премиерот да го образложи нацрт-договорот и пратениците да имаат увид во него.

Се очекува договорот кој премиерот Заев го најави за време на својата посета на Софија на 20 јуни, по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов да биде заокружен на 1 август, а да се потпише на 2 август.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе