Бугарската потпретседателка со став

Договорот меѓу Софија и Скопје не е добар, а Мешовитата комисија не функционира, вели Јотова

Договорот за добрососедство и пријатлство меѓу Македонија и Бугарија не е добар документ, а Мешовитата комисија во пракса не функционира и најде ниту едно решение, оценува бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

„Мое цврсто убедување е дека Договорот за добрососедство не е добар документ. Премногу е општ, рамковен и не се спроведува“, изјави Јотова.

Таа заедно со претседателот Румен Радев во Софија имаше средба со претставници на бугарските организации во Македонија.

„Само една година откако претседателот Румен Радев го постави прашањето за правата на македонските Бугари на европска маса, ова прашање доби поинаков карактер. Ми се чини дека нашата земја изгуби многу време, потпирајќи се само на историски факти кои се далечни и неразбирливи за нашите европски партнери“, вели Јотова.

Таа изјави дека последната политичка влада не го отворила прашањето за правата на Бугарите во Македонија, потпирајќи се само на она што е поврзано со историските факти и со Договорот за добрососедство.

„Дури по март 2021 година на европска маса беше ставена темата за правата кај нашиот сосед. Тоа го направи претседателот Радев. Сигналите што ги добивме од вас, фактите што ги забележавме, медиумите што ги читаме од другата страна на границата се доволен доказ за тоа. Последната бугарска политичка влада побегна од ова, префрлајќи сè на Договорот за соседство и историските факти. Нема ништо лошо во заедничкото славење празници и положување венци. Заблудата беше дека порано или подоцна, преку овие историски факти ќе најдеме половичен консензус меѓу двете земји и така во иднина ќе се отвори патот за членство. Но, тоа не се случи. Мое цврсто мислење е дека Договорот за добрососедство не е добар документ. Тој е премногу општ, рамковен и не се спроведува“, изјави Јотова.

Што се однесува до Мешовитата историска комисија која беше формирана меѓу двете земји од дипломати и историчари, таа вели дека е нефункционална бидејќи нема право да носи политички одлуки.

„Тогашните две влади на двете земји избегнаа политичка одговорност и сè им препуштија на научниците. До денес оваа Комисија не функционира во практика и не најде ниту едно решение. Оваа Комисија игра танго – еден чекор напред, два чекори назад. Научниците не можат да носат политички одлуки и оваа одговорност не може да се пренесе на нив“, вели таа.

Јотова уште додаде дека Радев, кој бил под жесток притисок на претседателот на Европската комисија, комесарот за проширување и претседателот на Советот на Европската Унија, успеал да го врати бугарскиот интерес на европска маса.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе