Договореното во Клубот на пратениците во седум точки

По речиси осум часа преговори синоќа во Клубот на пратениците во Скопје партиските лидери конечно го финализираа договорот од Пржино, со цел излез од кризата. Еве накратко што договорија.

1. Со МВР ќе раководи генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, а негов заменик ќе биде Митко Чавков од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено договорено е потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски да го води Министерството за труд и социјална политика, додека досегашниот министер Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде назначен за втор човек, како заменик-министер.

2. Заменик-министри од СДСМ ќе бидат Кире Наумов, за финансии, Александар Кирацовски во ресорот за администрација и Љупчо Николовски, шеф на кабинетот на лидерот на СДСМ, во ресорот земјоделство.

3. Заменик-министрите ќе имаат право на вето за изборните активности уште од првиот ден, а ако има конфликт околу одлуката на која се однесува ветото, ќе решава ДИК.

4. Министрите на опозицијата ќе можат да прават кадровски измени, но на секој нов назначен функционер од нивна страна, заменикот ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ.

5. Закон за заштита на приватноста (за забрана на објавување на „бомбите") ќе стапи во сила, но ќе се применува по шест месеци, откако за него ќе се изјасни Венециската Комисија. Со него ќе може да се објавуваат само прислушуваните материјали што не содржат приватни разговори и што не се однесуваат на приватни лица, т.е. само разговори на политички функционери. 

6. Законите за Владата, за прислушуваните материјали, за свиркачите, за измените на Изборниот законик и одлуката за формирање на парламентарна Анкетна комисија за прислушкуваните комуникации „во најбрз можен рок“ ќе се најдат пред пратениците за усвојување, веројатно понеделник, зашто денеска работните групи на партиите треба да ги прецизираат „техничките детали за процедурите“.  

7. 24 април останува датум за изборите.

Во наредните денови останува уште да се договорат прашањата поврзани со медиумите и медиумските слободи.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе