ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Договор од Пржино: Опозицијата во Собрание во септември, Груевски напушта функција по Нова Година, избори во април

Првичните брифинзи и неофицијалните информации укажуваат на нов, втор договор од Пржино, со кој опозиционерите ќе се вратат на пратеничките места во Парламентот на 1 септември, ќе ги добијат МВР, труд и социјала, како и заменици министри со право на вето во финансии, земјоделство и јавна администрација, а ќе биде избран и независен јавен обвинител што ќе ги испитува „бомбите“. Оставката на Груевски се очекува по Нова година, а предвремените избори на 24 април. 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан уште од пладневните часови ги притискаше првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА да попуштат од своите ставови, а решението да биде компромисно. Разговорите во Пржино се пролонгираа до ситните часови, со што беше оживеан првичниот договор од 2 јуни. По средбата, во изјава за медиумите Хан даде само мал дел од она што беше договорено на заедничката маса.

„Имавме договор потпишан од лидерите на најголемите четири политички партии. Задоволен сум од она што се постигна, за договорот за предвремени избори. Ќе се фокусираме на имплементацијата на препораките од извештајот на Прибе и останатите препораки од ЕК. Овој ден, оваа ноќ е одлична за вашата земја. Широко ќе ги отвори вратите кон евроатлантските перспективи. Можете да бидете горди на вашите лидери кои ќе ве водат кон просперитетна иднина. Ова е совршен моментум за вашата земја. Меѓународната заедница ја препозна потребата за помош на земјата, за да ги направите потребните реформи. Токму ова беше договорено вечерва“, рече еврокомесарот Јоханес Хан по целоднените маратонски разговори со лидерската четворка.

Хан потенцираше дека за договорот е известена и Нуланд. Како што рече, следат нови консултации во Брисел за проценките за сите потребни реформи во земјата, во септември ќе има дијалог на „високо ниво“, но и извештај за прогресот на Македонија во однос на препораките на Прибе и ЕК.  

Потврда за договорените точки дојде и од европратеникот Ричард Ховит, кој изминатото деноноќие заедно со Едвард Кук и Иво Вајгл му помагаа на Хан во обидот да ги приближи ставововите, главно на Груевски и Заев.

„По медијацијата со Јоханес Хан соопштуваме договор за Македонија – опозицијата да се врати во Собрание, избор на нова влада и предвремени избори“, напиша на својот Твитер-профил европратеникот Ховит.Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев најавија посебни прес-конференции со детали од новиот договор.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе