Јубилеј - 30 години македонска војска

Доделени „Златни значки“ за придонес во Армијата

Во Касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод 30-годишнината од формирањето на македонска војска на која беа доделени златни значки за 30 години активна служба за припадниците на Армијата. Министерката за одбрана Славјанка Петровска додели 281 златна значка на припадниците на армијата и тоа на 145 офицери, 69 подофицери и 67 цивилни лица. Златна значка му беше доделена и на началникот на ГШ на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

„Кога велиме дека Армијата започнавме да ја градиме од самиот темел, мислиме на вас. Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме. Вашиот вложен труд и енергија вродија со големи резултати, вклучувајќи го и нашето историското членство во Алијансата. Сите вие, кои учествувавте во овие процеси со гордост може да кажете дека сте биле дел од овој успех. Вие знаете најдобро што значи да се биде дел на еден тим, на едно семејство кое си ја сака татковината и работи за неа – бескомпромисно и без задршка", рече министерката Петровска.

Таа упати порака до припадници на Армијата кои добија златна значка да продолжат да го споделуваат своето знаење со помладите колеги кои ќе продолжат да ја градат оваа институција.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе