Доцни седницата за уставните измени

Иако беше најавено дека македонското Собрание 75.седница за уставните амндмани ќе ја продолжи во 15:00 часот, со два часа задоцнување од првично најавениот термин, таа се уште не е започната.

На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Во експозето вчера пред пратенците премиерот Зоран Заев во врска со последната фаза од уставните измени, побара позитивна одлука, која ја нарече историска и можност за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.

„Вашата позитивна одлука тука во Собранието денеска ја приближува Македонија до членството во НАТО, до моментот кога македонското знаме гордо ќе се вее на јарболот во Брисел со знамињата на останатите земји-членки, но исто така и ја прави извесна можноста во јуни да ги отвориме првите поглавја во преговорите со Европската унија, кои треба да ги затвориме во 2025 година“, им порача вчера Заев на пратениците од собраниската говорница.

Изрази благодарност до коалициските партнери, партии и пратеници кои покажале конструктивност во целиот процес за разлика од останатите пратеници од македонскиот опозициски блок. Тој се заблагодари и на опозициските партии од албанскиот блок кои поднесоа амандмани на амандманите, Алијансата за Албанците и на партијата БЕСА на Касами. Прифатени беа дел од барањата на Алијансата, а со Беса и денеска потврди дека се во тек разговори за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

-Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци. Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бараат да се загрози идентитетот, рече Заев на денешната прес-конференција по промоцијата на овластен економски оператор.

По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување. Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Пред Собранието во исто време се одржува протест во организација на здруженијата „Tврдокорни" и „Македонија блокира", против уставните измени. На протестите од вчера им се приклучи иод опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија", Христијан Мицкоски вчера изјави дека нема да учествуваат на седницата и нема да дадат легитимитет за промена на Уставот.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе