Добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман во Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман, професор на Универзитетот Њујорк, кој е во неколкудневна посета на нашата земја, а утре ќе биде говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка со Кругман на дел од најзначајните културно-историски локации.
„Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самуиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата „Св. Софија“ и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци“, информираат од Владата.
Обиколката на Охрид, Ковачевски, Бесими и Кругман, ја завршиле со посета на болничките цркви „Св. Богородица“ и „Св. Никола“ кај Долна Порта, по што имале работен ручек на кој разговарале за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе