Предвремени парламентарни избори

Доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата, порача Јанушев од Штип

Луѓе кренете ги главите, исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на  вашите лица, бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата, порача денеска од Штип, Игор Јанушев, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица.

„Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, штотуку завршивме со трибината со здравствени работници. Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред сѐ проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и  секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персонал што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството.

Она што можам да го видам е идентично, како буквално секаде низ државата како буквално секој еден граѓанин што се соочува кога имаме прилика да разговараме впрочем лекарите ја даваат поддршката со она што следи со обновата за здравството.

Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на  вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата“, рече Јанушев.

 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе