Државниот завод за статистика

До вчера попишани над 300.000 граѓани

Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308.551 лице, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), додавајќи дека само вчера биле попишани 114.308 лица.

„Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Од таму посочуваат дела попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

„Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, се додава во соопштението на Државниот завод за статистика.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе