Државен завод за статистика

Во Албанија и Косово вкупно 500 самопопишани, во целата дијаспора 137.111 лица

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека досега се попишале 137.111 нашинци во дијаспората, а само последниот ден 7.102 македонски државјани. На официјалната веб-страница за пописот е наведено дека пред пет дена најмногу самопопишани иселеници има во Швајцарија над 26 илјади, Германија близу 20 илјади и Италија со над 10 илјади, додека во Косово беа самопопишани нешто повеќе од 330 лица, а во Албанија само 137 граѓани со македонско државјанство.

„Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април“, се вели во денешното соопштение на Државниот завод за статистика..

Заводот ги повикува сите иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата.

„За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk„, се вели во соопштението.

Инакум, според податоците од 19 март, најмногу самопопишани иселеници има во Швајцарија- над 26 илјади, потоа во Германија - близу 20 илјади и во Италија - над 10 илјади. Во Австрија се попишани близу 5 илјади, а послаб е одзивот во САД.

Во Косово одзивот изнесува 336 лица со македонско државјанство, а во Албанија 136 или вкупно, помалку од 500 лица.

Токму во Албанија вицепремиерот Артан Груби во изминатите два дена имаше средби со претседателот на државата, премиерот, градоначалникот на Тирана, како и со партиски лидери, кои го прифатија неговиот апел и ја повикаа албанската дијаспора со македонско државјанство на што помасовен одзив на пописот во Македонија.

П.Џ.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе